Децата од групата „Авиончиња“ на возраст од 4-5 години, од објектот Јасмин, преку говорна игра „Волшебната торба на дедо Мраз“, ги развиваа своите говорни способности и го збогатуваа речникот со нови зборови кои означуваат имиња на предмети. Активностите започнаа преку подвижна игра каде „џуџињата“ му помогнаа на „Дедо Мраз“ да ја наполни вреќата со подароци, потоа преку „Волшебното торбиче на дедо Мраз“ совладуваа имиња на предмети и му помогнаа да ја наполни санката со подароци за децата. Откако ја накитија и елката на Дедо Мраз веселите џуџиња решија да запеат новогодишни песни.
Целта на активноста беше преку игрите децата да го збогатат својот речник со зборови кои означуваат поошти поими и да ја развиваат фината моторика на дланките.