Македонија низ игра

Во рамките на проектот „Мојата татковина, најубава на свет“, децата од групата Лавчиња, објект Први стапки, преку забавни активности се запознаа со убавините на својот роден крај, а истовремено се поттикна творештвото, работните навики, самостојност, внимание и истрајноста, како и интересот за користење на разни форми и извори на информации. Воспитувач: Соња Тошевска Неговател: Зорица Петковиќ Ристов