Магијата на другарството

Во рамките на проектот на психологот од нашата градинка Ценче „Ги развиваме позитивните вредности“, разговаравме и имавме едукативни активности посветени на другарството. Групата „Пеперутки“ објект Ѕвездички, низ забавни и интересни приказни се потсетија за важноста на пријателството, другарството како една од најважните вредности која ја негуваме и поттикнуваме во градинка. „Другарството е магија од бајка, како прекрасна насмевка од мајка“.