Децата од групата „Авиончиња“ на возраст од 4-5 години, од објектот Јасмин, преку обработка на драмски текст „Предвесници на пролетта“ се запознаа со промените во природата кои наскоро треба да се случат. Активностите започнаа со вежби за растегнување, децата се раздвижија во просторот и го фокусираа своето внимание. Преку активно слушање тие имаа можност да го збогатат својот речник со нови зборови, да се воведат во драмската игра, да ја развиваат својата фантазија и самодоверба.
Целта на активноста беше децата да се потикнат на активно учество во драматизации и желбата за прифаќање игра на улоги. Во уметничкиот центар за учење тие ја развиваа својата фантазија и фината моторика на дланките и прстите преку илустрација на драмскиот текст со ликовната техника на цртање со восочни бои.