Децата од групата „Авиончиња“ на возраст од 4-5 години, од објектот Јасмин, преку математички игри се оспособија за формирање на множества по даден признак. Активностите започнаа со вежби за растегнување и раздвижување на телото. Преку математичките игри имаа можност да формираат „весели“ множества по даден признак – боја.
Целта на активноста беше:
- Да се развиваат способности за класификација и компарација на предметите по боја;
- Да формираат поим за повеќе, множина, збир;
- Да се поттикнат и развиваат мисловните процеси на заклучување, логичко поврзување, анализирање и доживување на математиката како пријатно искуство која се учи во реален контекст.